четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукал на семејна веселба во Седларево, доби кривична

Пукал на семејна веселба во Седларево, доби кривична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од село Седларево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

-На 18.08.2022 во село Седларево, за време на семејна веселба, пријавениот од пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 мм со рамка со шест куршуми, кои ги поседувал без дозвола, испукал неколку куршуми во воздух, информира МВР.