Поранешниот фудбалер на Партизан, Никола Малбаша денеска ќе биде сослушан во Обвинителството во Белград поради сомнеж дека пред 13 дена во Земун се обидел да го убие наркодилерот Игор.
Малбаша, наводно, го прободел Игор неколку пати во стомак, а дилерот потоа бил пренесен во болница, каде што бил опериран и неговата здравствена состојба е стабилна.
Србинот влегол во автомобилот на наркодилерот, а по кратка караница, повеќе пати го прободел со нож во стомакот, по што излегол од возилото и избегал во непознат правец.