сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обилните дождови предизвикаа поплави во Милано

Обилните дождови предизвикаа поплави во Милано

Невреме и обилен дожд утрово предизвикаа поплави во Милано и проблеми во сообраќајот, јавија италијанските медиуми.

Обилните дождови предизвикаа излевање на реката Севесо, при што се поплавени неколку подвозници и сообраќајот беше нарушен.

Според „Кориере дела Сера“, пожарникарите им помагале на луѓето кои биле заглавени во автомобилите во поплавената област.