понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капело: Нема да ја преземам Италија, мојата кариера е готова

Капело: Нема да ја преземам Италија, мојата кариера е готова

Легендарниот тренер, Фабио Капело ги демантираше информациите дека ќе ја води Италија во следниот квалификациски циклус, додавајќи дека ја завршил својата кариера.

-Клупата на репрезентацијата на Италија? Веќе ги слушнав тие гласини, но се заблагодарив и реков дека не сум заинтересиран. Имам искуство во водење на англиската и руската репрезентација, по што сакав да тренирам некој клуб, бев тренер на Џунгсуа и тоа е мојата последна тренерска работа, рече Капело за италијанските медиуми.

Вели дека е среќен и задоволен во коментаторската улога, бидејќи според него, во таа работа секогаш победувате.

Капело упати критика кон луѓето кои се задолжени за развој на италијанскиот фудбал.

-Иако во некои делов напреднавме, ние се уште грешиме, имаме лош пристап кон децата. Тие мораат да научат да играат фудбал, да ја контролираат топката, па дури тогаш да учат за тактики. Во Италија дете од 12 години слуша за тактики, додека во Шпанија само им даваат топка, рече Капело.