петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Кон: Белград е темпирана бомба, нема попуштање

Кон: Белград е темпирана бомба, нема попуштање

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјавил дека денес Белград е темпирана бомба кога станува збор за коронавирусот, но и дека така ќе остане се додека трае пандемијата.

Тој посочил дека кривата полека почнала да се симнува, но минимално.

-Се симнува веќе две недели, но тоа е толку минимално што не би смееле да го водиме како симнување. Белград е темпирана бомба и така ќе биде се додека трае пандемијата. И кога кривата повеќе ќе попушти тоа не е момент да кажеме дека епидемијата престанала, нагласува Кон.

Тој објаснил дека голем проблем е што кога луѓето, особено во Белград ќе слушнат дека има стабилизација, веднаш се однесуваат како се да поминало.

-Мојата работа е да објаснам дека тоа не смее да се случи, имавме едно опуштање, еве до каде не донесе тоа, вели српскиот епидемиолог.