понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Еве во кој македонски град нема новозаболени од Ковид-19

Еве во кој македонски град нема новозаболени од Ковид-19

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 54, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 77 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 327.