четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг-ун првпат јавно ја спомна можноста за дијалог со Вашингтон

Ким Џонг-ун првпат јавно ја спомна можноста за дијалог со Вашингтон

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, првпат јавно се изјасни за можноста за дијалог со САД, соопшти  Корејската централна телеграфска агенција (КЦНА).

Ким Џонг-ун презентираше извештај за ситуацијата на Корејскиот Полуостров пред високи функционери на Корејската работничка партија.

Во извештајот се споменува „перспектива за дијалог меѓу САД и Демократската Народна Република Кореја”, соопшти корејската агенција, која првпат информира за можна средба со САД.

Но, таа не кажува експлицитно за таква средба и не го споменува името на американскиот претседател Доналд Трамп.

Вчера, американскиот претседател објави дека неговата историска средба со Ким ќе се одржи во мај или почетокот на јуни.