Четириесет и шестгодишниот А.Р. од село Лакавица починал вчера откако при поправка на работна машина-багер бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела.
Несреќата се случила околу 14:10 часот во гостиварското село Беловиште.
Од полицијата информираат дека лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.