петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Добра вест за Хајнкес пред реваншот со Севиља

Добра вест за Хајнкес пред реваншот со Севиља

Тренерот на Баерн, Јуп Хајнкес објави дека германскиот репрезентативец Жером Боатенг може да игра во реванш-дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Севиља.

Давид Алаба и Артуро Видал отпаѓаат од сметките на експертот. Баварците победија на првата средба со 2:1, а реваншот е утре вечер од 20:45 часот по македонско време во Минхен.

– Играчите се гладни да стигнат до полуфиналето. Треба да сме подготвени да напаѓаме против Севиља, но треба и да се браниме добро. Жером е целосно здрав и подготвен за игра. Давид тренираше со тимот, но не успеа да биде целосно подготвен во последните неколку дена, па нема да ризикуваме со неговото вклучување. Затоа, мислам дека би било подобро тој да тренира уште и евентуално да игра во сабота. Мислам дека Артуро Видал ќе започне да тренира во четврток, додаде германскиот специјалист.