недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Педро го најави своето заминување од Челзи

Педро го најави своето заминување од Челзи

Напаѓачот на Челзи, Педро го најави своето заминување од клубот. Шпанецот играше за „Сините“ пет години.

– По пет прекрасни години, мојата етапа во Челси заврши. Голема благодарност до управата на клубот, тренерите и соиграчите за времето поминато со нив. Тука секако се и навивачите. Бев многу среќен во Лондон, а Челзи ме натера да се чувствувам како дома.

За мене беше огромно задоволство и чест да играм за овој клуб и да освојувам титули, како и да играм во една од најдобрите фудбалски лиги во светот, напиша Педро на Инстаграм.