Андреа Пирло, кој пред два дена беше назначен за тренер на првиот тим на Јувентус пред неколку години на Инстаграм објавил за кој фудбалер смета дека е најдобриот.
Тој објавил фотографија со Лионел Меси за кого пишува дека најдобар фудбалер во светот.
Двајцата имале средба во САД каде играше Пирло пред крајот на играчката кариера, а Италијанецот го искористил моментот за да се фотографира со Меси и со своите две деца.
Ваквата објава со сигурност нема да му се допадне на Роналдо кој е дел од тимот на „Старата дама“.