Кинеската компанија специјализирана за вакцини „Кансино бајолоџикс“ ја патентираше првата потенцијална вакцина за Ковид-19 под името „Ad5-nCOV“, јавија државните медиумите повикувајќи се на документи за заштита на интелектуална сопственост.
Ова е првата патентирана вакцина во Кина.
Весникот „Народен дневник“ цитира документи кои се објавени од Националната администрација за интелектуална сопственост. Патентот е потврден на 11 август.
Саудиска Арабија соопшти дека овој месец планира да ја покрене третата фаза од клиничкото испитување на вакцината на фирмата „Кансино“. Компанијата наведува дека разговори се водат и со Русија, Бразил и Чиле за започнување со тестирање овие земји.
Акциите на компанијата на берзата во Хонг Конг утринава пораснале за околу 14 проценти, а во Шангај за 6,6 отсто.