петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел работи на воспоставување директни летови со ОАЕ

Израел работи на воспоставување директни летови со ОАЕ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел подготвува директни летови преку Саудиска Арабија кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како дел од нормализацијата на односите по постигнувањето договор меѓу двете земји.

Израел и ОАЕ во четвртокот најавија нормализирање на дипломатските односи под покровителство на САД.

Обраќајќи се од аеродромот во Тел Авив, Нетанјаху ги соопшти плановите за проширување на летовите до ОАЕ, но не прецизираше точни датуми.

– Во моментов работиме на воспоставување директни летови преку Саудиска Арабија меѓу Тел Авив и Дубаи и Абу Даби, рече Нетанјаху.

Саудиска Арабија не го признава Израел и нејзиниот воздушен простор е затворен за летови од Израел, но авиокомпанијата „Ер Индија“ во 2018 доби дозвола да лета на трасата Њу Делхи – Тел Авив. (МИА)