недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мексиканскиот претседател сака меѓу првите да ја прими руската вакцина

Мексиканскиот претседател сака меѓу првите да ја прими руската вакцина

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор изјави дека доброволно ќе се пријави да биде меѓу првите кои ќе ја примат руската вакцина против коронавирусот, доколку таа се покаже за ефикасна.

Одлуката на Москва да одобри производство на вакцини по само два месеци тестирања врз човекот го разбранува светот и предизвика загриженост во некои научни кругови, кои тврдат дека само 10 проценти од клиничките испитувања на руската вакцина се покажале за успешни, пренесуваат британските медиуми.

Многумина тврдат дека Русија на прво место го стави глобалниот престиж наместо безбедноста.

Мексико и Аргентина ја финансираа компанијата Астра Зенека Плц, која е вклучена во глобалната трка за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.