вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Зајас денеска ќе биде без вода поради дефект на водоводна цевка

Зајас денеска ќе биде без вода поради дефект на водоводна цевка

Поголемиот дел на регионот на Зајас кај Кичево од утрово ќе биде без вода за пиење поради отстранување дефект на главната водоводна цевка кој се очекува да биде саниран до 15 часот.

Поради тоа, ЈКП „Комуналец’’ од Кичево ги известува корисниците на вода за пиење во регионот на Зајас, односно селата Зајаc Теќе, Зајас Џума, Колибари и Бачишта, дека денеска ќе има прекин на водата за пиење поради дефект на главната цевка кај изворот на вода во Зајаc, кај месноста „Дарда“, која носи вода за пиење во овој регион.

Прекинот се очекува да трае до 15 часот, а од комуналното претпријатие бараат разбирање од граѓаните во овој регион.

-Се надеваме дека дотогаш ќе можеме да го поправамe дефектот, затоа што теренот е премногу непристапен и несоодветен за работа. Нашите екипи од раните утрински часови денеска се на терен, објаснија од ЈКП „Комуналец” од Кичево. (MИА)