среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тепачка пред банка во Велес поради неносење на заштитна маска

Тепачка пред банка во Велес поради неносење на заштитна маска

На 17.08.2020 во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес.

Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот.

Тој бил приведен во Полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.