Нов бран поплави ја погоди кинеската општина Чонгчинг откако се излеа река. Властите во Кина соопштуваат дека ова е најголемата поплава во Чонгчинг од 1981 година.
Покрај оваа и соседната провинција Сечуан се соочува со проблеми, па до двете општини е прогласена вонредна состојба со предупредување за поплави од највисоко ниво.
Наводно во провинцијата Хубеи, официјални лица од Комисијата за водени ресурси за реката Јангце предупредиле дека браната Три клисури, која е најголема хидроелектрана во светот, ќе сведочи на најголемиот наплив на вода во нејзината 14 годишна историја.
Отпуштени се 4.800 кубни метри вода во секунда од почеток на поплавата, извести држвната кинеска телевизија CCTV.
The #ThreeGorges Dam in C China’s #Hubei has been ready to face the largest ever flood peak since it was built in 2003 by coordinating with dams at its upper stream in Yangtze River to retain the flood water. https://t.co/a9g6RNiIxT pic.twitter.com/3ux4aabM9I
— Global Times (@globaltimesnews) August 19, 2020
Според информациите на телевизијата околу 128.000 лица од ниско поставените подрачја се евакуирани на безбедно место.
China’s Sichuan Province has activated the highest level of flood control response for the first time on record, as rain-induced floods ravaged parts of the province pic.twitter.com/ZUJ9manBIJ
— China Xinhua News (@XHNews) August 18, 2020