вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирусот влезе во 37 училишта во Берлин: Заразени деца и наставници

Коронавирусот влезе во 37 училишта во Берлин: Заразени деца и наставници

Во 37 училишта во Берлин, дел од учениците или вработените се во карантин затоа што заболеле од Ковид-19, наведе весникот „Берлинер Цајтунг“.

Весникот се повикува на список на Сенатот на градската администрација што се темели на извештај на училиштата, по завршување на втората недела од новата учебна година.

Според списокот, околу 4,5 проценти од училиштата во градот се погодени од вирусот. Во повеќето од нив заразени се еден ученик или еден наставник.

Сенаторот за образование, Сандра Сесе, изјави дека две недели по почетокот на новата учебна година, може да се заклучи дека училиштата не се жаришта на инфекцијата. Според неа, инфекциите се внесуваат во училиштата однадвор, а не почнуваат во нив.