СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.А.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 18 август 2020, при претрес во домот и помошните простории и во неговиот патнички автомобил „цитроен берлинго“, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и масло од растението канабис. На Џ.А. му е одредена мерка притвор.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.З.(58) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 24 март 2020 на улица „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над него, при што пронашле и одзеле семки од од растението канабис, додека при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени 43 куршуми и семки од канабис.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Х.(34) од село Челопек, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.
На 23 февруари 2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле дигитална вага и марихуана.