вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се продале 2.000 наместо 600 билети: Кривична за организаторот на концертот на Петар Грашо

Се продале 2.000 наместо 600 билети: Кривична за организаторот на концертот на Петар Грашо

Организаторот на концертот на Петар Грашо во античкиот театар на локалитетот Хераклеа во Бтиола, кој се одржа на 20 август, ќе добие кривична пријава, изјави денеска за „Сител“ директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој истакна дека инспекторите биле присутни до самиот крај на концертот, направиле записник и било утврдено дека не се почитуваат мерките. Како што вели Пауновски, Државниот пазарен инспекторат е присутен на сите поголеми настани кои се одржуваат, фотографираат од сите страни и прават проценка за почитувањето на протоколите.

Инаку, за концертот биле продадени повеќе од 2.000 билети, иако дозволено било присуство само на 600 посетители. Сепак, од продукцијата “Прагма”, организатор на концертот, изјавиле дека протоколите не се прекршени.

Најнови вести