Во Прилеп енормно расте бројот на заболени од корона вирус. Само во последните 24 часа се евидентирани 15 нови случаи. Поради зголемениот број на новозаразени, утре ќе заседава општинскиот Кризен штаб со којшто раководи градоначалникот Илија Јованоски.
„Активни се 77 случаи, а од нив 63 се на домашно, додека 14 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се 173 лица“ информираат од Центарот за јавно здравје.
Од појава на пандемијата во Прилеп евидентирани се 414 заболени.