На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.