понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба Меркел-Вучиќ во Берлин

Средба Меркел-Вучиќ во Берлин

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе престојува во посета на Берлин, каде што ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Како што соопшти Кабинетот на Вучиќ, на средбата ќе се разговара за билатералните односи, за регионални прашања, како и за „европски политички теми“.

Ова е втора посета на Вучиќ на Берлин оваа година, по престојот во германскиот главен град на 27 февруари.

Вучиќ пред два дена во Мостар изјави дека од Меркел сака да слушне како Берлин гледа на односот меѓу Белград и Приштина и на севкупните регионални односи, како и да добие поддршка за изнаоѓањето компромис меѓу Србија и Косово.

МИА