сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новоизбран бискуп поднесе оставка по обвинувањето дека злоставувал деца

Новоизбран бискуп поднесе оставка по обвинувањето дека злоставувал деца

Католички бискуп во САД поднесе оставка помалку од три месеци по неговото назначување, поради обвинувања дека злоставувал деца.

Ватикан објави дека бискупот Микел Мулој (66) поднел оставка, без да соопшти за причината.

Сепак, бискупијата на Рапид Сити, во Јужна Дакота, објави дека два месеци откако бил назначен, таа била известена за обвинувањата против Мулој за сексуално злоставување на малолетници во раните 1980-ти. Молој поднел оставка кога дознал за развојот на ситуацијата. (МИА)