сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Направени се повеќе тестови отколку во било која европска земја

Џонсон: Направени се повеќе тестови отколку во било која европска земја

Бројот на тестирани лица за Ковид-19 во Велика Британија е доволен во споредба со другите европски земји, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека владата напорно работи да го зголеми бројот на тестирани лица.

-Повеќето луѓе кои посветуваат внимание на бројот на тестирани лица во земјата и за испорачувањето тестови низ целата нација, ќе видат дека ние навистина стоиме исклучително добро во споредба со која било друга европска земја, рече британскиот премиер, цитиран од британските медиуми.

„Ние направивме многу повеќе тестови од било која европска земја“  изјави Џонсон во британскиот Парламент.