понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две воспитувачки во тетовските градинки во изолација дома поради Ковид-19

Две воспитувачки во тетовските градинки во изолација дома поради Ковид-19

Две воспитувачки од градинка објект Тетекс во Тетово се евиденитирани како заболени од Ковид-19, а нивните групи со деца и колешките се во изолација дома. Директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“ Рамије Даути вели дека двете колешки се во добра здравствена состојба, како и децата од нивните групи кои не покажале симптоми.

–Нема поголеми проблеми. Тоа не е болест која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолирана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри, изјави Рамије Даути.

Во јуни кога беше направен скрининг кај вработените во градинките, немаше ниту еден позитивен случај.

Најнови вести