четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем нуди 50 милиони евра за Шкрињар

Тотенхем нуди 50 милиони евра за Шкрињар

Англиски Тотенхем подготви понуда од 50 милиони евра плус бонуси за словачкиот дефанзивец на Интер Милан Шкрињар.

Директорот на Тотенхем, Стив Хичен веќе разговарал со агентот на Шкрињар во Милано.

Претходно вчера „Скај Спорт Италија“ откри дека барале 60 милиони евра од Интер за нивниот играч, но „петлите“ не се подготвени да платат толку.

„Нероазурите“ се надеваат дека ќе го продадат 25-годишниот Шкрињар, а со добиениот дел од сумата ќе гопривлечат Никола Миленковиќ од Фиорентина. (МИА)