среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Гала концерт „Опера и балет под ѕвездите“ на платото пред НОБ

Гала концерт „Опера и балет под ѕвездите“ на платото пред НОБ

По пауза од неколку месеци поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Националната опера и балет вечер ќе одржи гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“.

Гала концертот ќе биде на платото пред НОБ со почеток во 21 часот, а ќе настапат солистите Сандра Митровска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Ѓорѓи Цуцковски – тенор и Владимир Саздовски – бас, во придружба на Оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Од НОБ соопштија дека влезот за публиката ќе биде отворен во 20.30 часот. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани на отворено, одобрени од Комисијата за заразни болести