Директорот на американскиот Центар за контрола на болестите и превенција, Роберт Редфилд денеска изјави дека пандемијата во САД не се ниту блиску до крајот.
Неговата изјава е спротивна на тврдењата претседателот на САД, Доналд Трамп дека епидемијата во земјата се ближи кон крајот.
-Не сме ниту блиску до крајот, посочи Редфилд.
Тој изрази и загриженост дека д-р Скот Атлас од работната група за Ковид-19 проследува неточни информации до Трамп.
-Се што кажува е неточно, истакна Редфилд, алудирајќи на Атлас.