четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Клиперс го отпуштија тренерот Риверс

Клиперс го отпуштија тренерот Риверс

Управата на Лос Анџелес клиперс донесе одлука за смена на тренерот Док Риверс, објави Адријан Војнаровски на Твитер.

Риверс работеше со тимот од 2013 година.

Под водство на Американецот, Клиперс никогаш не стигнаа до финалето на Западната конференција.

Оваа сезона ЛА клиперс беа елиминирани во конференциското полуфинале од НБА плејофот од страна на Денвер нагетс и покрај водството од 3-1 што го имаа по четвртиот меч. Подоцна загубија три последователни средби и серијата ја завршија со 3-4.