Најголемата азиска берза – Токиската, соопшти прекин на работата поради технички проблеми, јави Кјодо. Агенцијата појаснува дека сите трансакции се прекинати.
Според агенцијата, експертите на берзата идентификувале неисправности, што се одговорни за ширење на информациите за пазарот.
Се уште не е објавено кога ќе продолжат операциите.