Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со ЕВР Кисела вода денеска во 12:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, го привеле Д.Т.(43) од Скопје, кој се барал по две потерници.
Од МВР соопштија дека Д.Т., кој се барал за издржување на казна затвор од пет години и истрага по член 215 од Кривичниот законик на РСМ, е предаден на ПС Тетово, а потоа ќе биде спроведен до КПД Идризово. (МИА)