петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски го праша Османи дали Бугарија бара нов договор, одговорот на министерот отвори уште прашања

Мицкоски го праша Османи дали Бугарија бара нов договор, одговорот на министерот отвори уште прашања

Бујар Османи да каже дали Захариева барала од државава нов договор за уставни измени со кој ќе се редефинира нашата нација, јас тоа никогаш нема да го прифатам, побара синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Јас ќе ви ја кажам вистината, дека ова што го бараат е ветување на Заев уште пред изборите во 2016-та година. Прво ги загрози шансите за европска перспектива, а да, никој проблем не се игнорира. Еве ќе ви дадам уште една екслузивна информација, да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, посочи Мицкоски.

Османи денес одговори на прашањето од Мицкоски, но не го кажа најважното. Напротив, неговиот одговор отвори уште повеќе прашања.

Тој преку својот Фејсбук профил се огласи во врска со вчерашните тврдења изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата со Захариева во Софија добил предлог за нов договор, налик на Преспанскиот, кој ќе подразбира уставни измени и со кој ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 година до денес.

-Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство, ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот, нагласи шефот на дипломатијата.

Османи сомнежот дека нешто големо се договара, уште повеќе го зголеми. Имено, иако тврди дека нов договор нема, порача дека има засилување на комуникацијата на повеќе нивоа и дека комисиите уште треба да договорат некои работи.

Заев, заедно со Османи треба на народот директно да му каже за што договара, преговара и тргува со Бугарија.  На кои теми ќе се засилува комуникацијата и преговарањето и што наше е ставено таму на маса?

Најнови вести