Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.
Бројот на активни случаи по општини Скопје денеска е следен (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 84
• Гази Баба – 180
• Аеродром – 400
• Карпош – 344
• Центар – 353
• Кисела Вода – 232
• Ѓорче Петров – 169
• Бутел – 74
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 17
• Арачиново – 4
• Илинден – 28
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 6
• Петровец –8
• Зелениково – 5
• Странец – 11
• Нераспределен-21, информираа доцна вечерва од МЗ.