Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) др. Соумија Сваминанатан вчера изрази загриженост што актуелното зголемување на инфекциите со Ковид-19 на глобално ниво наскоро ќе биде проследено и со значително зголемување на бројот на смртни случаи, што сега изнесува околу 5.000 на ден.
Британските медиуми пренесуваат дека бројот на новоинфицирани насекаде драматично расте, па сега Велика Британија и Италија соопштуваат дека имаат по речиси 20.000 нови инфекции дневно, додека Швајцарија, Русија и другите земји пријавуваат рекорден број на нови случаи.
Досега ширум светот се регистрирани над 38 милиони случаи на коронавирус, а речиси 1,1 милиона луѓе умреа од Ковид-19.
-Зголемувањето на смртните случаи е секогаш неколку недели зад зголемувањето на бројот на случаите, рече др. Сваминанатан на прес конференцијата на СЗО.
-Се уште губиме околу 5.000 луѓе дневно….. затоа не треба да бидеме задоволни што опаднал бројот на смртни случаи, додаде таа.