понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД му забранија влез на албански пратеник поради сомневања за корупција

Доши изјави дека не направил ништо незаконски и напомена дека неговата сопруга и деца имаат австралиско државјанство.
САД му забранија влез на албански пратеник поради сомневања за корупција

Стејт депарментот му забрани на албански пратеник влез на американска територија поради наводна вмешаност во корупција од големи размери.

На Том Доши, пратеник на албанската Социјалдемократска партија му е забранет влез во САД, како и на неговата сопруга и деца.

Доши изјави дека не направил ништо незаконски и напомена дека неговата сопруга и деца имаат австралиско државјанство.

Од февруари и на поранешниот албански јавен обвинител Адриатик Лали и на неговото семејство им е забранет влез во САД.(МИА)