Есенскиот корона бран полека се почувствува и на судењата. „Таргет-Тврдина“ не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијаков кој е позитивен на Ковид-19, а се одложи и судењето за организаторите на 27 ми април. Обвинетите Трајко Велјановски и Спиро Ристовски се во самоизолација поради контакт со зарзени лица, а еден од адвокатите е болен, објави Телма.
Претходниве денови и други големи предмети се одложија поради изолации на обвинети и адвокати. За да не дојде до трансмисија на болеста во судница, адвокатот Еленко Миланов бара од Комисијата за заразни болести да направи протокол.
-СЕКОЈДНЕВНО СЕ СООЧУВАМ СО ТОА ДА БИДАМ ВО СУДНИЦА НА МАЛО РАСТОЈАНИЕ, ВО СУДНИЦА СО ПОВЕЌЕ ОД ПЕДЕСЕТ ЛИЦА СО КОИ И ДА САКАМЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ НА ПОТРЕБНОТО РАСТОЈАНИЕ И ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ САМО МАСКИТЕ СЕ ДОВОЛНА ЗАШТИТА. ВО СУДНИЦАТА ОСТАНУВАМЕ ПО ДВА, НО И ПО ПЕТ ЧАСА СО ОДРЕДЕНИ ПАУЗИ, НО НАЈМАЛКУ ДВА ЧАСА БЕЗ НИКАКВА ПАУЗА, РЕЧЕ МИЛАНОВ.
Шестмина вработени во судот се позитивни на Ковид-19 а уште 15-тина се во самоизолација потврдуваат од таму. Уверуваат дека преземаат мерки за да не се шири болеста ниту меѓу вработените, ниту во судниците.