четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Торес: Не останувам во Шпанија по заминувањето од Атлетико

Торес: Не останувам во Шпанија по заминувањето од Атлетико

Легендарниот фудбалер на Атлетико, Фернандо Торес изјави дека нема да остане во Ла Лига по завршување на актуелниот договор со клубот од Мадрид.

– Уште не одлучив каде ќе ја продолжам кариерата. Постојат некои варијанти, но едно е сигурно, во Шпанија нема да останам. За во Европа не сум сигурен, додаде Торес.

Поранешниот шпански репрезентативец има неколку понуди од американската МЛС лига. За него се интересираат Монтреал, Сиетл, Њу Јорк, Спортинг Канзас и Чикаго.

Торес освен Атлетико играше за Ливерпул, Челзи и Милан, и беше дел од шпанската репрезентација која освои две Европски првенства и еден Светски шампионат.

(Миа)