вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Комисијата за заразни болести ако има малку морал ќе си поднесе оставка

Мицкоски: Комисијата за заразни болести ако има малку морал ќе си поднесе оставка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на поставеното прашање Барате оставка од Комисијата за заразни болести, како ја оченувате состојбата со корона вирусот и дали сметате дека од владата може да се справат со ситуацијата на денешниот Live chat насловен Одговор на сите Ваши прашања вели дека доколку челновите на Комисијата за заразни болести имаат доблест и морал ќе си поднесат колективна оставка, но како што рече тој, тие продолжуваат да ги бројат бедните пари кои што ги земаат на грбот на здравјето на граѓаните и му слугуваат на погрешните и погубни политики на Зоран Заев.

-Не може оваа Комисија за заразни болести да најде решение и тоа е очигледно. Повеќе од 7 месеци предвидуваат дека 2000 луѓе ќе имаме инфицирани, а ние веќе имаме повеќе од 20.000 инфицирани, само во една недела имаме повеќе од 2000 инфицирани, секојдневно имаме бројка на луѓе која што го губи својот живот, за жал, поради лошите и погрешни политики и мерки кои ги носи оваа политизирана Комисија за заразни болести и мене ме чуди упорноста што во овие 7 месеци ја имаат тие луѓе за беден хонорар, наместо да се соочат со јавноста и да поднесат самите оставка, народот ги повикува да поднесат оставка и упорно и упорно се држат до тој нивен беден хонорар, до тие бедни денари кои што ги земаат на грбот на здравјето на граѓаните. Дел од нив ми се и колеги, универзитетски професори и единствено нешто што можам да кажам е дека треба да им е срам за тоа што го прават затоа што се богатат на здравјето на граѓаните. Барем малку треба да имаат доблест, чести и честитост и кога ќе видат дека не се успешни во тоа што го прават, наместо да ги бројат бедните пари кои што ги зимаат од даночните обврзници да си дадат оставка. Малку моралот еднаш да биде пред и над лукративноста, вели Мицкоски и додаде:

-Но, за жал до овој момент тие луѓе не само што немаат намера да поднесат колективна оставка, туку продолжуваат да му слугуваат на Зоран Заев во погрешните политики, а тоа нас не чини секојдневно со 400тини, 500тини ново заразени, и со нови 5,6, 8, 10, 12 луѓе починати.

Најнови вести