среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судриле две возила од кои едното било сопственост на МВР- едно лице повредено на „Партизанска“

Се судриле две возила од кои едното било сопственост на МВР- едно лице повредено на „Партизанска“

Во сообраќајка помеѓу полициски возило и патничко возило повредено е едно лице во Скопје.

„На 19.10.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Партизански одреди“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од С.Ф.(33) од Скопје и патничко  возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(38) од Скопје.“ информираат од МВР.

Во незгодата С.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.