понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот портал ПОЛИТИКО: Бугарија денеска ќе го блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија

Европскиот портал ПОЛИТИКО: Бугарија денеска ќе го блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија

Европскиот портал Политико ЕУ пред малку објави вест во која пишува дека зголемувањето во Европската Унија не треба.

Имено според порталот амбасадорите на ЕУ денеска ќе разговараат за пристапните преговори со Албанија и Македонија, но според дипломатските извори тие пишуваат дека Бугарија се очекува да каже НЕ на започнувањето на преговорите на ЕУ со Македонија.

Во документот испратен од Софија до ЕУ, порталот вели дека пишува дека Софија не се согласува со она што се смета за „антибугарска идеологија спонзорирана од државата.“

Имено документот е базиран врз бугарската чувствителност и аргументите за тоа кој бил подобар во борбата против Отоманската империја пред повеќе од еден век.

Политико наведува дека „сиромашните северно Македонци се откажаа од името на нивната земја за да ги смират Грците, а сега очекуваат нивната историја да биде прифатена од Бугарија“. Според нив сите овие аргументи се доволни за големо НЕ за евентуално влегување во ЕУ.

Најнови вести