Пандемијата со коронавирусот дополнително им го отежна секојдневието на лицата со оштетен вид. Од тетовското Здружение на слепи лица велат дека изминативе месеци сите ги заборавиле. Со оглед на тоа дека повеќето се невработени, покрај моралната поддршка, потребна им е и финансиска помош, пренесува Телевизија Телма.
Слепите лица го живеат секојдневно нивниот карантин. Тие се зависни од членовите на семејството за да можат да излезат надвор од своите домови, а пандемијата дополнително го отежна нивното функционирање. Од Здружението на слепи лица од Тетово велат дека изминатиов период тие се заборавени. Покрај морална поддршка, потребна им е и финансиска помош.
Целиот текст може да го прочитате на Телма.ком.мк