среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје вчера казнети 284 возачи

Во Скопје вчера казнети 284 возачи
Фотоилустрација

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје санкционира 284 возачи, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 35 за неисправни и нерегистрирани возила, 16 за управување под дејство на алкохол, 72 за непрописно паркирани возила и 58 за неносење заштитна маска.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.