сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Барањата на Бугарија се нечовечки и неевропски, ЕУ да не седи со скрстени раце

Мицкоски: Барањата на Бугарија се нечовечки и неевропски, ЕУ да не седи со скрстени раце

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на ТВ Клан истакна дека барањата на Бугарија, во однос на македонскиот идентитет и јазик се нечовечки и неевропски. Мицкоски ја повика ЕУ да не седи со скрстени раце во однос на заканите и што побрзо да се отпочнат преговорите со Македонија и да се одржи меѓувладината конференција.

– Навистина не можам, а да не бидам лут на ваквите неевропски и нечовечки барања од страна на нашиот источен сосед. Секаде апелирам, еве и сега апелирам до нашите сојузници од ЕУ, и да побарам најитно да се отпочнат преговори со Македонија, да се одржи таа прва меѓувладина конференција. Затоа што овие граѓани тоа го заслужуваат. Македонија тоа го заслужува, истакна Мицкоски.

Тој наведе неколку факти зошто Македонија и македонскиот народ заслужуваат да бидат дел од Европската Унија.

– За време на Втората светска војна заедно со сојузниците се боревме против фашизмот. За време на комунизмот ја поразивме најлошата форма на комунизам. За време на Косовската криза, Македонија беше домаќи на стотици илјади бегалци, кога Европа и останаите соседи ги затвораа вратите. За време на 2001 кога сите ни претскажуваа крвави настани, ние го зачувавме кревкиот мир и изградивме општество. Кога беше миигрантската криза, ние можеби сме мали, но сме вратата на Европа и ја зачувавме Европа и ја одбранивме и се уште ја браниме. Најмалку што ни должи Европа е веднаш без уцени како што се неевропските на нашиот источен сосед, да се отпочнат преговори и да се организира во декември, првата меѓувладина конференција, потенцираше Мицкоски.
Во однос на владата на Зоран Заев, Мицкоски посочи дека премиерот излажал кога одржа говор во Парламентот велејќи дека сега се затворени сите прашања и проблеми со соседите и доаѓаат подобри времиња, а по две ипол години гледаме дека излегуваат нови проблеми кои не би требало да ги има.

– Еве две ипол години потоа гледаме дека имаме објективен проблем со нашшиот источен сосед околу некои теми за кои сите мислиме дека се заборавени и затворени и не би требало да бидат теми. Тоа што ме загрижува повеќе, е фактот што лично мене од високи бугарски политичари ми е кажано дека ова што денеска го бара нашиот источен сосед е практично ветено од Зоран Заев додека бил во опозиција, да стане премиер а потоа лесно ќе се договори за се, нагласи Мицкоски.

Најнови вести