петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Виничани ученици и наставници од шесто до деветто во изолација поради заболен наставник

Во Виничани ученици и наставници од шесто до деветто во изолација поради заболен наставник

Поради еден заболен наставник во подрачното училиште во село Виничани во Општина Градско, учениците и наставниците од шесто до деветто одделение кои претходно следеа настава со физичко присуство, иако носеле заштитни маски, а заради превенција, веќе една недела се во изолација и настава следат онлајн, информира за МИА, градоначалникот на Општина Градско.

Останатите ученици од прво до петто одделение, како и претходно, настава следат со физичко присуство.

Бешовски информира дека во Општина Градско редовно секоја недела заседава Општинскиот штаб за заштита и спасување кој ги согледува моменталните состојби и донесува препораки.

Тој информира дека во Општина Градско моментално позитивни на Ковид-19 се четири лица од кои еден е на лекување на Инфективно во велешката болница, а останатите се на домашно лекување, додека тројца веќе биле излекувани.

Бешовски информира дека Општинскиот штаб редовно им доставува храна и лекови на заболените, кои лежат и се лекуваат дома.

ЈКП „Клепа“ од Градско“ редовно врши дезинфеција на јавни површини во Градско и во останатите населени места,како и во јавните институции и училиштата во Општина Градско, информира градоначалникот Бешовски.

Најголем дел од граѓаните се совесни и се придржуваат на препораките на Комисијата за заразни болести за носење на заштитни маски и држење на пропишано растојание, е оценка на Општинскиот штаб, информира Бешовски.

Најнови вести