петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен маж баран со потерница за затворска казна над пет години

Приведен маж баран со потерница за затворска казна над пет години

На 06.11.2020 околу 17 часот од страна на Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага во атарот на с.Горно Јаболчиште општина Чашка, лишен од слобода е Ф.Д. (31) од с.Горно Јаболчиште, кој се барал по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 в.в.чл.19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово.

При преглед кај лицето и возилото што го управувал пронајдена е прашкаста материја и марихуана.