вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец, баран со потерница за издржување на затворска казна

Приведен скопјанец, баран со потерница за издржување на затворска казна

Денеска (27.09.2023) во 14:00 часот на бул.„Борис Трајковски“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје.

Тој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор, а во врска со сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик.

Д.Ј. ќе биде предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.