четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солер стана првиот играч во 21 век кој постигнал три гола од пенал на еден натпревар во Ла Лига

Солер стана првиот играч во 21 век кој постигнал три гола од пенал на еден натпревар во Ла Лига

Валенсија оствари убедлив триумф со 4:1 на домашен терен синоќа над Реал Мадрид во натпреварот од 9. коло на фудбалскиот шампионат на Шпанија. Хет-трик постигна играчот од средниот ред Карлос Солер, кој во гол претвори три пенали.

Дваесет и тригодишниот Шпанец стана првиот играч во 21-от век кој реализирал три пенали на еден натпревар во првенството.

Валенсија во Ла Лига досега освои 11 бода и се наоѓа на деветтото место. Реал Мадрид има 16 бода и на четврта позиција.