сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Третоодделенец од Неготино позитивен на Ковид-19, во изолација 18 ученици и двајца наставници

Третоодделенец од Неготино позитивен на Ковид-19, во изолација 18 ученици и двајца наставници

Ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на коронавирус. Поради тоа, во изолација се 18 соученици и двајца наставници.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, три во Росоман, 17 во Неготино.

– Новозаболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат, нагласи Јовановски.

Најнови вести