среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев заедно со Елмас пристигна во Скопје

Пандев заедно со Елмас пристигна во Скопје

Добри вести пристигнуваат кога е во прашање нашиот репрезентативец капитен, Горан Пандев.

Според последните информации од Италија по вчерашната забрана за настап во националните тимови за играчите од Сасуоло, Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио и Рома денеска има нови промени и на крајот таа ќе остане да важи само за фудбалерите на двата клуба од Рим.

Тоа значи дека нема да има проблем и Горан Пандев да пристигне во Македонија и да биде дел од националниот тим во историскиот натпревар против Грузија.

Најголем дел од репрезентативците се веќе со репрезентацијата, а попладнево Горан Пандев заедно со Елиф Елмас пристигна во Скопје.

Извор: Спортски.мк